Морски номади: далечната страна на светот

Морски номади: далечната страна на светот / Нико Едвардс, САД, 2016, 46“

Пловилото е „Инфинити“, 40-метарски рачно направен номадски брод, со екипаж составен од вагабонди. Патувањето: 13000 километри прекуокеанско патување од Нов Зеланд до Патагонија, со застанување на Антарктикот. За разлика од другите бродови кои одат кон Антарктикот, „Инфинити“ не е доброфинансирана јахта, заштитена од уради од мраз, со екипаж од добро платени професионални морнари и со добро осмислен план за патување.

Овој брод живее во моментот, плови без посебни планови, без дозволи или било какво осигурување. Тоа што може да се најде на палубата во голема мера е: крв, пот, ентузијазам, недостаток на авторитет, големо количество на алкохол – лудо патување во безгрижна авантура, поради самата авантура. За време на патувањето, екипажот ќе се бори со ураган со јачина 12 во морето Рос, ќе помага на групата „Морски овчар“ во борбата со јапонските ловци на китови, ќе бидат искинати сите едра, а бродот несвесно ќе замине најјужно од било кое пловило кое било таму се’ од 2014 година.

Тоа што е најважно во оваа авантуристичка и драматична пловидба е потрагата по стравопочит и чувство на восхит од сировата моќ на светот на природата. Филмот се случува како сведочење за патувањето, следејќи дел од екипажот во нивното секојдневие – од планирање на курсот на движење, со најситните детали околу одржувањето на бродот. Приказната допира теми за еколошки активизам, брзото исчезнување на екосистеми и сировата авантура – која не е резервирана за елитата.




Партнери

Медиуми