Од морето

Од морето / Џоел Шарп, Австралија, 2017, 6“

На плажите во Перу и Нов Зеланд, скоро истовремено, двајца луѓе чувствуваат потреба да го предизвикаат морето кое го познаваат добро и да отпатуваат кон планините кои им се непознати. Суптилна перцепција дека има многу повеќе што да се види, ги инспирира да заминат од плажите – кон височините на Андите и Хималаите.
Филмот во исто време ги истражува и убавината и стравот кога се напушта нешто што е комфорно и се посегнува кон нешто што е неочекувано, користејќи ја транзицијата од морето кон планината како метафора за напуштање на сопственото гнездо и влегување во различни ситуации, за да на крај се увиди дека секаде може да се чувствуваш како дома. Чувствата привикани од таков потег беа во исто време и носталгија и слобода и ја променија перцепцијата за „комфор“ засекогаш.




Партнери

Медиуми