Во планините


Во планините / Џонатан Џ Скот, В. Британија, 2017, 3“

Од режисерот: Сакав да доловам што за мене значи поминувањето на времето во планините. На едно скоро патување, кога времето би го поминал вообичаено скијајќи, одвоив малку време и за прошетка во негибнатите планински предели. Тоа значеше многу долги и напорни пешачења и искачувања, но поради мирот и убавината на оваа прекрасна средина, тоа целосно и се заборава. Како некој кој ја сака природата, ги читав и есеите на Џон Мјур и неговите пишувања за планините совршено ги сумираа моите чувства кога поминував низ тие пејзажи. Сите снимени материјали се од алпските предели во Франција.


Партнери

Медиуми