Доктори во планините

Доктори во планините / Јержи Поребски, Полска, 2017, 63“

Сите знаеме за учеството на лекарите во спасувачките акции во Татрите, нивното присуство во структурите на TOPR(Волонтерска служба за спасување на Татрите) како и нивното учество во експедициите во високите планини. Дали навистина знаеме каква е нивната улога? Кој е нивниот придонес во експедицијата? Што значи медицина на планина? Дали може да се оперира на височина од неколку илјади метри? Што е навистина планинска амбуланта на сопствен погон односно лекар на подолга планинарска експедиција?

Што може да се направи во случај на хипотермија, смрзнатини и висинска болест? Во филмот се појавуваат лекари кои соработуваат со TOPR кои имаат искуство во спасувачки акции на Татрите и Хималаите, кадешто се нашле поради своето искуство во Татрите како и такви кои имаат искуство само во највисоките планини. За иднината на медицината на планина ќе раскажат спасувачите медицинари кои имаат се поголема улога во современото спасување на планина. Посебено поглавје  е учеството на истакнати планинари кои ќе го дадат своето мислење за улогата на лекарите од гледна точка на однос пациент и колега од експедицијата како и жртви на смрзнатини. Темата е многу широка но она што е најважно успеавме да го склопиме во 70 минути од филмот.





 
 

Партнери

Медиуми