НАХАНИ

НАХАНИ, Доминик Снаерс, Белгија, 2017, 54’

Четворица млади качувачи сонуваат да направат искачување по легендарната Лотус кула, која се наоѓа во најдалечните краишта во Северна Канада, во т.н. „Цирк на некачливите“. За да го направат то искачување по карпата висока 800 метри, тие најпрво ќе треба да се соочат со 500 километри долгата и опасна река Нахани – авантура за која ќе им биде потребен еден месец, поминат во целосна независност и самостојност.
Со оглед на тоа што имаат многу малку искуство од ваков тип на авантура, тие го убедуваат Дом, човек со големо искуство и кој е 33 години постар од нив, да им помогне во нејзината реализација. За Дом, пуштањето по брзаците на Нахани е исполнување на еден од неговите тинејџерски соништа, но набрзо тој исто така ќе увиди и дека искачувањето на Лотус кулата ќе биде негово последно искачување на таква голема карпа.
Поетска и забавна авантура преку која се прикажува предавањето на факелот помеѓу генерациите и момент кога соништата стануваат реалност. 






Партнери

Медиуми