VIACRUXIS

Viacruxis, Игнаси Лопез Фабрегас, Шпанија, 2018, 11’

Марсел и Анджеј се легендарен алпинистички пар. Тие се првите кои ги имаат освоено највисоките и најтешки врвови. И покрај различните темпераменти, тие се одличен тим. Марсел е водачот и славниот, а Анджеј е човекот во сенка. Сега се соочуваат со најголемиот предизвик: да стигнат до неискачен врв на највисоката планина. За да го постигнат тоа, тие треба да поминат преку опасни препреки, добро да се помачат –и да се трпат еден со друг малку подолго. Но, Анджеј повеќе не сака да биде во сенката на Марсел...

Партнери

Медиуми