СОНОТ ЗА АРИО – Потрагата по најдлабоката пештера во Европа

СОНОТ ЗА АРИО – Потрагата по најдлабоката пештера во Европа, Пол Дифли, Велика Британија, 2017, 42’

Познатиот режисер Пол Дифли, преку овој филм ги внесува своите техички квалитети во светот на пештерите. Приказната го претставува истражувањето на длабоките пештери на Арио во планините Пикос де Еуропа, во Северна Шпанија. Филмот ја следи експедицијата во 2016/17 година, преку која се прават обиди да се направат последните неколку поврзувања, со што би се добил најдлабокиот пештерски систем во Европа.
Ова е прекрасно прикажување на пештерско истражување во експедициски стил, во кое се поставуваат подземни кампови и има комплексна логистика, а каде казните за непланирани проблеми можат да бидат многу сериозни. Во центарот на приказната се спелео-нуркачите, кои буткаат кон длабочините и каде спасителна операција не би било опција. Тензијата, од моментите кога секој нуркач исчезнува во темницата е многу автентична...

 

Партнери

Медиуми