БЕГСТВО

БЕГСТВО, Анџали Најар, Канада, 2018, 8’

ЖаБиг е диџеј од Монтреал, кој купува велосипед и одлучува да се обиде да го сруши рекордот за најдолго континуирано возење на велосипед - во една земја. И уште нешто – неговиот велосипед е „сингл спид“ – фикси, а со возењето ќе треба да заврши во текот на зимата, приближувајќи му се на Арктичкиот океан преку најсеверното, континентално местенце на Канада – Туктојактук, во Северо-западните Територии. Во последните неколку километри тој ќе падне повеќе пати отколку што ќе има паднато во претходно извозените 17000 километри. Тој знае дека е токму таму каде што треба да биде, но во последните неколку часа ќе искуси работи кои што не ги ни замислувал. Патувањето истовремено е и осамено и прекрасно, а приказната за Жан ќе ве натера да застанете и да се запрашате: „Кон каде ќе тргнам од овде?“

Партнери

Медиуми