БЕЛЕШКИ ОД КАРПАТА

БЕЛЕШКИ ОД КАРПАТА, Сиб Вани/Гијом Лион, Белгија, 2017, 35’

Во февруари 2017 година, едни од најдобрите светски и белгиски качувачи, Шон Вилануева О’Дрискол, Николас Фавре и Сиб Вани, повторно се појавуваат во медиумите, а овој пат за успешното искачување во слободен стил на една од најтешките насоки во Патагонија – „Ел Регало де Мвоно“. Насоката е висока 1200 метри и се наоѓа на источната страна на Торе Централ во Торес дел Паине. Кога се вратија дома, го замолија режисерот Гијом Лион да ги едитира снимките направени за време на ова нивно 19-дневно вертикално патување. Резултат на тоа е овој моќен и забавен филм, кој раскажува една длабока приказна за пријателство. 

 

Партнери

Медиуми