ВО СЈАЈОТ НА ЅВЕЗДИТЕ

ВО СЈАЈОТ НА ЅВЕЗДИТЕ, Мати Ле Ла, Франција, 2018, 53’

За време на најтемните часови од ноќта, додека остатокот од светот спие, фотографот Пол Зизка излегува во дивината, со цел да го најде најѕвезденото небо. Неговото патување да ги фотографира небесните чуда, го води помеѓу врвовите на Канадските планини, пустинските дини во Намибиа и далечните снежни врвови во Гренланд. Од секогаш авантурист, тој мора да прави баланс помеѓу своите работни обврски и пасијата за фотографија, а со подеднаква посветеност како семеен човек. Овој филм е интимно претставување на потрагата на Пол кон фотографирање на ноќното небо и на тоа што го научило времето поминато под ѕвездите – за животот, љубовта, авантурата и нашето место во Универзумот.

Партнери

Медиуми