КАНУ

КАНУ, Бенџамин Сад, Велика Британија, 2017, 53’

Бен и Џејмс биле заедно на неколку авантури – од влечкање на софа преку јужна Англија до пливање на целата должина на плитка река во Дорсет. Снимањето на филмови за нашите патувања, стана составен дел од нив. Сакавме да се изградиме преку овие патувања во нашиот последен проект, но исто така и да прикажеме нешто повеќе освен нас самите: да го прикажене пејзажот, луѓето и дивината која ја сретнавме. Тоа е многу поважно отколку само растојанието или бројот на километри кои сме ги поминале.
Така ни дојде идејата за „Кану“ – идеја толку едноставна, како и самиот наслов: ќе отпатуваме до екваторскиот Амазон, ќе живееме со домородното население, ќе учиме од нив како да си направиме кану и ќе го земеме тоа кану со нас на патување...
Филмот ги прикажува тие два месеци на патување, документирајќи го нашето време со Хуаорани заедницата, како го правиме нашето кану и како почнуваме да патуваме надолу по реката низ Јасуни регионот – еден од најбогатите предели со најразноличен жив свет во светот. 

 

Партнери

Медиуми