ПО СТАПКИТЕ НА ПРВИТЕ

ПО СТАПКИТЕ НА ПРВИТЕ, Матиас Маер, Австрија, 2017, 47’

Австриските фрирајд скијачи и авантуристи, Матиас Хаунхолдер и Матиас Маер, двајцата со бројни први спуштања насекаде по светов, сега тргнуваат во мисија да скијаат надолу по најстрмните страни во нивните домашни планини – Алпите. Години пред и двајцата всушност и да биле родени, овие страни биле скијани од бестрашни млади алпинисти.
Сега, после повеќе од 30 години, Хауни и Матиас, се сретнуваат со своите претходници и ги споредуваат условите тогаш и сега и се обидуваат да скијаат со опремата од минатото, како и со својата актуелна, современа опрема.
Поради глобалното затоплување, условите се имаат сменето во последните неколку години, па скијањето надолу по овие страни е станато и уште поопасно.
Северната страна на највисокиот врв на Цилертал, „Хохфајлер“ и најпознатата насока за качување на мраз во Австрија, „Кулоарот на Палавичини“, лоцирана на највисоката планина во Австрија, Гросглокнер – се нивни главни цели.

 

Партнери

Медиуми