НИЧИЈА ЗЕМЈА – ЕКСПЕДИЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ

НИЧИЈА ЗЕМЈА – ЕКСПЕДИЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ, Матиас Маер, Австрија, 2018, 72’

Антарктикот е најстудениот, најсувиот и најветровитиот континент – со највисока просечна висина од сите континенти. Се’ до сега, само научници, поларни истражувачи и алпинисти кои дошле со цел да се качат на Монт Винсон, дошле на Антарктикот. Поради екстремниот студ, глечерите и пустинската клима – скијањето во фрирајд стил се чинеше невозможно.
Но, двајцата фрискијачи и авантуристи, Матиас „Хауни“ Хаунхолдер и Матиас Маер не се грижат околу тоа дали некои региони се сметаат за премногу оддалечени и изолирани или па и премногу сурови за скијање. Нив, тие, таканаречени „тешки услови“ дополнително и ги привлекуваат. Заедно со снимателот Јоханес Ајцмилер, тие заминуваат на Антарктикот, на експедиција во која ќе сависат само од самите себе, со цел да најдат убави планини за скијање. 3-члениот тим, при што секој човек на санка влече опрема од 90кг, поминува растојание од 150 километри, пешачејќи и со користење на параглајдери – скијајќи. Тоа што го открија, беше многу повеќе од тоа што го очекуваа. „Светиот грал“ на фрирајдот. Филм во кој ќе уживате во најспектакуларните пејзажи воопшто во кои некој скијал!

Партнери

Медиуми