ВИСОКО ВО НЕБОТО

ВИСОКО ВО НЕБОТО, Џејсон Хекокс, Нов Зеланд, 2018, 43’

Нов Зеланд е земја на авантурата и овој филм прикажува како светските шампиони Хавиер Де Ла Ру, Надин Волнер и локалецот Сем Смути, тргнуваат кон Монт Кук.
Имајќи три недели за подготовки и разгледување на западната страна, Хавиер и Надин се сигурни дека ќе имаат шанса на планината, но локалецот Сем знае дека временските услови во Нов Зеланд не се толку пријатни. Чекајќи добро време, триото тргнува кон јужниот остров, сурфајќи во Кајтлинс, качувајќи и возејќи велосипед на езерото Ванака, нуркајќи во Крејфиш на западната обала, шетајќи и качувајќи – а времето поминува.
При првата можност за краток период на добро време во текот на последните денови од нивното патување, тимот заминува со параглајдери во извидување на можни линии на страната. Гледајќи ја стрната од горе, согледуваат дека таа е под мраз и дека нема да можат да стигнат до врвот и ќе треба да се вратат.
Излегувајќи од домот кратко после полноќ, тимот го започнува искачувањето во услови со силен ветер, со мала инспирација и без надеж дека ќе стигнат до врвот. Но, имајќи уште само 24 часа – мора да се обидат.

Партнери

Медиуми