САМО ОД ВОЗДУХ

САМО ОД ВОЗДУХ, Џанлука Маспес, Италија, 2018, 31’

Луиџи Бомбардиери беше роден во 1900 година во Милано. Како возрасен човек, се пресели во Сондрио, кој стана негов град и каде живееше сам, поминувајќи го целото слободно време во планините, кои ги сакаше и каде сакаше да оди со водичите и неговите пријатели. Локалниот алпинистички клуб беше неговото единствено семејство. Во 1950-тите почна да размислува како хеликоптерот е единствен начин како да се прават спасителни акции во високите планини. Загина при обид да стигне до домот Маринели, во групата Бернина, при хеликоптерска несреќа. 60 години подоцна, еден друг човек, кој доаѓаше од истата долина, Валтелина (Централните Алпи), ја продолжи неговата идеја – обидувајќи се да ја однесе повисоко и подалеку. Тој живее близу Сондрио, а научи да лета во Швајцарија, во Бернина групата. Во последните години, тој поминува и по неколку недели во Непал, како учител на млади пилоти. Таму, на Монт Еверест, тој го направи спасувањето од највисока точка: користејќи долга сајла, тој спаси човек кој беше на 7800 метри. Тој беше сам во хеликоптерот, со цел да биде што помала тежината. По ужасниот земјотрес во 2015 година, тој замина во Непал, летајќи со својот хеликоптер за да им достави помош на изолираните села во непалските планини. Негова најголема цел за во иднината му е да им пренесе знаење на нова генерација на непалски пилоти, како да спасуваат од големи височини. Тој сеуште верува во истите вредности, кои му беа толку важни и на Луиџи Бомбордиери. 

Партнери

Медиуми