БОНИНГТОН: АЛПИНИСТ

БОНИНГТОН: АЛПИНИСТ, Брајан Хол/Кеит Партриџ, Велика Британија, 2017, 70’

Долгометражен документарен филм за живото и искачувањата на Крис Бонингтон.
Со поглед кон иконскиот столб од песочник на Оркни, кој се издигнува над разбрануваниот Северен Атлантик – горд и пркосен. Скоро е невозможно да го искачи на 80-годишна возраст, но во исто време тоа е и добар момент да се потсети на неговиот живот полн со епски експедиции и првенствени искачувања на некои од најголемите планински предизвици во светот.
Дождот носен од силниот ветер, го удира неговото лице, криејќи ги солзите кои му доаѓаат од тага. Некои скорешни настани, силно го погодуваат. Се сеќава како стана првиот кој стапна на врвот на „Старецот од Хој“, пред долги 50 години – имајќи ја младоста на своја страна.
Тој е пионер и авантурист – и столбот повторно го повикува. Во потрага по ново ослободување, тој размислува дали ја има силата повторно да застане на Старецот...
Приказни за пријетелство, љубов, ризик и разорувачки загуби се дел од интимното патување во сонот на овој човек.  Повикот за истражување одекнува во првото британско искачување на северната страна на Ајгер, нови насоки на Мон Блан, искачувањето на „Старецот од Хој“, а потоа и кон поголемите масиви, каде што ќе биде првиот човек кој ќе стапне на врвот на Анапурна 2, Нупце и Централната кила на Паине, кои потоа ги следат и важните експедициски успеси на јужната страна на Анапурна и југозападната страна на Еверест.
Филмот ги следи ретроспективно, неговите качувања на карпа во Британија, преку визионерските искачувања по високите врвови во Хиамалите и го споделува извонредниот и тежок живот на еден од најдобро познатите светски алпинисти – Сер Крис Бонингтон.

 

Партнери

Медиуми