МОМЕНТОТ

МОМЕНТОТ, Дарси Хенеси Турен, Канада, 2017, 74’

Во шумите на Британска Колумбија во Канада, три мали, но посветени тимови на трагачи по авантура, тивко го менуваа правецот на движење во спортот и оставаа свој белег во историјата. А тоа се случуваше, без да знаат едни за други, без да знае за нив светот на велосипедизмот и секако – го правеа за самите себе.
Овој филм го прикажува почетокот на едно движење на планински велосипедисти и сниматели, кои се кренаа и го предизвикаа статус квото и го превртеа наопаку велосипедизмот, креирајќи го еден од најекстремните спортови кој можете да си го замислите.
Оваа приказна до сега никогаш не била раскажана, а преку филмов ја раскажуваат луѓето кои ја живееле од прва рака.

 

Партнери

Медиуми