БЕСКРАЈНА СВЕТЛИНА – ПРИКАЗНИ ОД СЕВЕРОТ

БЕСКРАЈНА СВЕТЛИНА – ПРИКАЗНИ ОД СЕВЕРОТ, Марко Трибелхорн – Траблхаус, Италија, 2018,15’

Ариана Трикоми замина на патување во крајниот север на Норвешка. Таа ги покани своите најдобри ски пријатели да го прослават пролетното скијање, светската титула и неверојатната ски сезона. Акцијата се случува во крајбрежните планини на Финмарк, во близината на прекрасното мало градче Бергсфјорд, каде што дневната светлина не завршува, а океанот ги опкружува сите врвови. Филмот го раскажува ова патување во северот, каде што група индивидуи, вљубени во скијањето, се здружија да уживаат во оваа активност – без да застанат во текот на денот. Секој од нив ќе биде опишан со глас „од надвор“ – кој ќе претстави само дел од тоа што тие имаат внатре во себе. „We - The Infinity Senders“, направија музика, специјално за овој филм.

Партнери

Медиуми