ПОСЛЕДНИТЕ ЛОВЦИ НА МРАЗОТ

ПОСЛЕДНИТЕ ЛОВЦИ НА МРАЗОТ, Јуре Брецељник/Рожле Брегар, Словенија, 2017, 71’

20000 километри долгата обала на источен Гренланд, ја населуваат едвај 3000 луѓе. Тоа е еден од најретко населените региони на планетава. Животното опкружување на источен Гренланд, создаде една од најспецифичните ловечки култури во светот. Има само неколку места на земјава, каде што луѓето се соочуваат со потешки и поекстремни услови од тие таму. Многу се има сменето, а и многу модерни комфори стануваат дел од секојдневниот живот, но културата има длабоки и силни корења и ловецот е сеуште столб во општеството. Сепак, статусот на ловецот како економска суштина во општеството е силно поткопан, а тоа, заедно со несопирливите културни влијанија се закана за постоењето на овие уникатни луѓе.

Партнери

Медиуми