ВОЗЕЊЕ

ВОЗЕЊЕ, Флориан Алберт, Австрија, 2018, 5’

По долгата фрирајд натпреварувачка сезона, Мелиса Бранднер, Мануела Мандл и Стефи Нопингер одлучуваат малку да забават. Да бараат малку мир во самотија, да ги почувствуваат елементите и да бараат стрмни линии на поинаков начин. Користејќи електрични велосипеди, како начин со малку уддел врз околината за движење напред, се соочуваат со Мајката Природа која дава се’ од себе да ги одврати. Го започнуваат своето патување во Бодо, во Норвешка и тргнуваат кон југ. Пејзажот и снежните услови го диктираат правецот на нивото движење, а неверојатно опкружување, стрмни кулоари, нови познанства и полноќно сонце – ќе бидат нештата кои ќе ги доживеат. Девојките можеби знаат да се снајдат во големите планини, но дали ќе можат да возат велосипед стотици километри со својата опрема? Една работа е сигурна: нема да станат рибари наскоро!

Партнери

Медиуми