КАДЕ СЕ ЅВЕЗДИТЕ?

КАДЕ СЕ ЅВЕЗДИТЕ?, Мухамад Асиф Ислам, САД, 2017, 4’

Краток филм за тоа како градската/вештачката светлина околу нас, влијае врз погледот кој го имаме кон ноќното небо. Покажува како тој поглед станува појасен, како оваа градска светлина се намалува (на пример со движење од Лос Анџелес кон пустинскиот Голем Басен), со користење на посебен софтвер за определување на локациите. Патувањето и фотографирањето при секакво ниво на „светлинска загаденост“ беше предизвик. Исто така, на повеќето локации авторот е и целосно сам, што е прилично страшно со оглед на присуството на диви животни наоколу (мечки, планински лавови, змии). Сепак и покрај сето тоа, восхитот од погледот кон прекрасното ноќно небо, од места каде нема друга светлина наоколу – силно надвладеал.
Повеќето од нас, живеат во силно „свелински загадени“ средини и има луѓе кои никогаш не ни го виделе Млечниот пат. За време на големото снемување на струја во 1994 година во Лос Анџелес, луѓето почнале да се јавуваат во опсерваториите, кога го виделе Млечниот пат за прв пат. Иако не можеме да ги замислиме градовите целосно темни за време на ноќта, како на пример Лос Анџелес или Менхетен, можеме да ја ограничиме светлината – а посебно светлината насочена нагоре наместо кон таму каде што е најпотребна: улиците и домовите. Поголемиот дел од градската светлина е непотребно искористена.
Ја губиме врската со ноќното небо, кое ни донело неколку големи чуда како Стоунхенџ, пирамидите во Гиза, календарот на Маите... Исто така тоа ни го прави нашиот живот, кој е преполн со работни обврски и е исполитизиран – да биде едноставен, а ние да станеме љубезни и внимателни. Астрономот Нил деГрис Тајсон има кажано: „Кога го гледате ноќното небо, увидувате колку сме мали всушност ние во космосот...“ “... На еден начин може да го ресетираме нашето его. Да не си ја дадете таа можност за тоа ниво на ум, свесно или несвесно, значи и да го живеете животот во непотполност од тоа што навистина значи да сте човек.“

Партнери

Медиуми