ЗЛАТНАТА ЛИНИЈА ВО ВЕРДОН

ЗЛАТНАТА ЛИНИЈА ВО ВЕРДОН, Штефан Фрич, Австрија, 2017, 18’

Насоката „Златен туш“ во Вердон (Франција), прв пат беше искачена во 2012 година од германската легенда во качувањето, Штефан Гловач. Со своите 150 метри должина и тежини до 8б+, таа е една од најтешките насоки во таа област. И денес, искачувањето на нејзините четири должини по тој екстремно експониран столб, во еден ден, во т.н. „ред поинт“ стил – е неверојатно.
Двајцата качувачи и водичи, Тобиас Бишно и Кристоф Шранц, се фасцинирани од воочливата и експонирана линија на оваа насока. Тие одлучуваат таа да стане нивен проект. За клучните детали и малку невообичаениот квалитет на карпа за Вердон кој го има во оваа насока, потребно е да ја вложат целата своја умешност. После неколку неуспешни обиди, Тобиас конечно успева да го направи првото „ред поинт“ искачување во еден ден. После неколку дена, истото му успева и на Кристоф.
И за двајцата, ова е реализација на нивниот сон. Сепак, за Тобиас и Кристоф, возбудата од искачувањето на таква насока не лежи само во поминувањето на тежините или комплетирањето на еден незавршен проект. Тие ја живеат својата пасија во качувањето. И сето тоа на една фасцинантна и предизвикувачка линија во еден од најимпресивните пејзажи во Алпите.

Партнери

Медиуми