ЗЕМЈА ОБЛИКУВАНА ОД ЖЕНИ

ЗЕМЈА ОБЛИКУВАНА ОД ЖЕНИ, Ане-Флоре Марксер, Франција, 2018, 26’

Овој филм е инспиративно прикажување на патувањето на две девојки, Ане-Флоре Марксер и Алин Бок, две светски шампионки во фрирајд сноубординг, кои заминуваат во Исланд со комбе, со цел да уживаат во двата спорта кои ги сакаат: сноубордот и сурфањето. По пат тие се запознаваат со инспиративни девојки од Исланд, со цел да се запознаат со начинот на размислување во земја која има богата историја во полова еднаквост.
Како што се развива нивното патување, играјќи во планините, во брановите или под спектакуларните северни светлини, тие на гледачите им го преставуваат овие исландски девојки кои ги сретниваат по пат. Филмот им дава глас на жените и внесува женствен наратив во практикувањето на спортовите во природа и ја носи половата еднаквост на фронтот на дебатата. Ане-Флоре додава: „Сакавме да уживаме во позитивните вибрации во движењето на исландските жени и да инспирираме да се прифати нов начин на размислување во поинаков вид на авантура!“
Половата еднаквост има долга историја и посебен статус во Исланд. Ане-Флоре и Алин, кои се професионални бордерки и кои силно се борат за местото на жената во овој доминантно машки спорт, сакаа да навлезат подлбоко во начинот на размислување на исландските жени, при тоа комбинирајќи ја својата љубов за планините и брановите.
За девојките со кои се сретнаа велат: „Жените од Исланд со кои се сретнавме ни пренесоа голема сила. Само што пристигнавме се сретнавме со Катрин Одсдотир, адвокатка за човекови права која учествуваше во пишувањето на новиот Устав на Исланд. Таа работи на креирање на општество со поголема еднаковст. Добивме мотивациски совети од Вилборг Арна Гисурардотир, првата жена од Исланд која се искачила на Еверест, која е вистински истражувач и која и самостојно го има поминато и Јужниот Пол. На северот отидовме на бордање со Хеида Биргисдотир, првта сурф девојка во Исланд, една од првите бордерки и основач на брендот за облека за бордање за жени, „Никита“. Нејзиниот скромен, релаксиран начин и посветеност на работа на нештата кои ги сака, не’ потсетија дека жените не мора да значи дека треба да наметнуваат силен карактер со цел да постигнат големи работи или да ги следат своите соништа. Последна, но не и најмалку важна која ја сретнавме беше Уна Торфадотир, млада девојка, која напиша поема која ќе ве наежи – за начинот на кој општеството расудува за жените според нивниот изглед и како тоа влијае врз младите. Низ ова патување, добивме силни пораки за дел од најважните нешта поврзани со жените денес.“

 

Партнери

Медиуми