Овој планински живот

“Овој планински живот“, Грант Болдвин, Канада, 2018, 77мин Восхитот кој планинскиот пејзаж го предизвикува е универзален, но сепак само малкумина од нас навлегуваат во вистинската дивина. Помеѓу нас живее една посебна сорта на луѓе. Не ги дефинира возраста, полот, професијата или нивната позадина, а за нив, повикот од планините е толку силен што нивните животи целосно се вртат околу нив. Мартина и нејзината 60-годишна мајка тргнуваат на 6-месечно патување во Алјаска, кое ќе ги однесе преку 2300км нескротена планинска дивина; група на монахињи живее во планински манастир за да биде поблиску до Бога; фотограф е затрупан во лавина; пасиониран алпинист; пар кој живее во планина скоро 50 години... Што е тоа што ги тера овие авантуристи да жртвуваат се’ – комфор, семејство, лична безбедност – за живот во планините? Снимен со филмски детал, „Овој планински живот“ е сеопфатен портрет на човечката пасија високо во планините во Крајбрежниот масив.

Партнери