Обратен Еверест

„Обратен Еверест“, Балаш Лернер/Гергели Балаш, Унгарија, 2018, 50 мин. Се’ до 2017 година (кога пештерата Верјовкина не стана подлабока), најдлабока пештера на Земјата беше Крубера-Воронја пештерата во Кавкаските планини. Професионални фотографии од ова чудо на природата за прв пат беа направени во 2016 година од унгарски спелеолози. Филмот го следи едномесечниот престој на тимот во Апхазија и секако нивното патување до 2080 метри длабочина во Земјата. Погледнете моменти од животот во површинскиот камп, внимателните подготовки, симнувањата низ бескрајните канали, водопади и премини исполнети со вода – кон една од најдлабоките природни знаменитости, салата наречена „Крај на играта“.

Партнери