Лоик и Флолопапите

„Лоик и Флолопапите“, Доминик Сниерс, Белгија, 2019, 46 мин Излези од твојата зона на комфор и соочи се со своите стравови. 21-годишниот Лоик стана пасиониран качувач кога ги доби своите први патики за качување, кога имаше шест години. Заедно со Флоријан, Пабло и Пјер, познати се како „Флолопапите“ – ја носат својата енергија и добрите вибрации до најодалечените краишта на светот. Иако секој од нив е посебен, се надополнуваат и се поддржуваат еден со друг, како браќа. Ќе паднете на нивниот хумор, пријателство и кршливост. Но, дали Лоик ќе може да ја искористи енергијата на Флолoпапите за да го надмине прогонувачкиот страв од височина и да се соочи со најтешките насоки на планетава? Лоик и Флолoпапите ве покануваат да заминете заедно во една многу човечка авантура. Повеќе инфо на www.flolopapys.com

Партнери