Низ темнина

„Низ темнина“, Мелиса Бранднер/Мануела Мандл, Норвешка, 2019, 20мин Во северна Норвешка, над Арктичкиот круг, петмина млади луѓе, некои локалци, а некои посетители, се надвор во планините, за време на поларна ноќ. Нивното внимание кон темнината е чудно, нивната перцепција фокусирана на непосредното опкружување, а нивниот поглед стеснет, со намалувањето на денот. Секојдневниот живот станува предизвик, а нивниот ритам се менува. Ова патување ја носи публиката низ темнината, со цел да покаже што нам луѓето ни е потребно за да надминеме одредени тежини со кои се соочуваме како индивидуи. Визуелно, тимот на про сноубордери меѓу кои, Мануела Мандл (Светски шампион во фри рајд во 2018), Мелиса Бранднер, Ерик Верлом Кристер Копола и Хампус Кедерхолм, го пронаоѓаат својот пат низ стрмниот и експониран лавински терен, барајќи ја совршената линија под светлината на северните светлини. Иако често ја разбираме темнината како отсуство на светлина... Дали може да навлезе во нашиот живот во некоја друга форма? Дали можеме да ја разбереме исполнетоста во животот, во моменти кога сме закопани во некоја криза? Дали всушност ни е потребна темнина, со цел да го препознаеме сјајот на светлината?

Партнери