Гребенот Ветерштајн

„Гребенот Ветерштајн“, Јакоб Швајгхофер, Астрија, 2019, 21 мин

Што се случува кога ќе те зграпчи сопствената мотивација? Кога твојата цел не го пушта фатот? Се бутка храброста до границите? Колку може така да се издржи? Професионалниот алпинист Михи Волебен од Германија, ја поставил високо својата цел. Тој сака да го помине целиот Ветерштајн гребен без одмор. 70 километри и 7000 метри висинска разлика на експониран и кршлив гребен! На силата и издржливоста, посебно потребно е да се додаде и ментална сила и концентрација како би можел да се движе по незгоден алпски терен во толку долг временски период. Не се дозволени грешки. Со месеци пред да започне со проектот, тој поминува низ тежок и структуриран тренинг. За да се издржат такви тренинг сесии, каде што интензитетот постепено се зголемува, потребна е дисциплина. Тој учи како да се одржува фокусиран и агилен, дури и кога неговото тело вреска од премор. Затоа што токму тоа е тоа што гребенот Ветерштајн ќе го бара од него.

Партнери