Искачувањето на Еверест

„Искачувањето на Еверест“, Антонело Падовано, В. Британија, 2019, 57 мин

Ова е приказната за тоа како, на 29ти мај 1953 година, двајца луѓе, надарени со неверојатна издржливост и способност, стигнуваат за прв пат до врвот на светот: врвот на Монт Еверест. Сер Едмунд Хилари, за прв пат не’ придружува со своја нарација за време на сите етапи од победоносното искачување, раскажувајќи непознати детали и доживувајќи го повторно ова епско искачување, со што на приказната и дава сосема ново и изненадувачко сведоштво. Неговото опишување на Тенсинг, дефинитивно го разјаснува неговиот однос со својот партнер, а неговото раскажување за тоа зошто сакал да стигне до врвот не’ просветлува интимно за неговата мотивација како алпинист.

Партнери