Спелеонаут / Под каменото небо

„Спелеонаут / Под каменото небо“, Соња Џекиќ, Србија, 2018, 57 мин

Во предвечерјето на човековото освојување на Месечината, во летото 1969 година, 34-годишниот Милутин Вељковиќ, започна со неговиот планиран 15-месечен престој во 2-километарска пештера во Србија. Вељковиќ не беше заинтересиран само во тоа да го надмине рекордот за најдолг престој во пештера до тогаш, туку воопшто – да навлезе во универзумот на длабочината. Овој неверојатен потфат се открива од надворешниот свет – преку серија портрети од интересни карактери, кои се поврзани со Вељковиќ. И така неочекувано – влегуваме во подземиот свет. Различните раскажани фрагменти од деталниот дневник на Вељковиќ се враќаат во живот: од неговите секојдневни активности, како правење кафе и собирање инсекти, па се’ до драматични моменти како вадење на сопствен заб, размислување за жени, борење со поплави и халуцинации... Од поврзувањето со предците од праисторијата во дезинтегрирани време и простор, се’ до истражувањето на вселената – Спелеонаут е во потрага по нашата цел. 


Партнери