Потценетиот

„Потценетиот“, Ели Грин/Мет Грин, В. Британија, 2018, 21 мин

Демјан Хол се подготвува за најпознатиот ултра маратон во светот. Со должина од 171км и 10040 метри искачување, тоа е УТМБ – Ултра трката под Монт Блан. Негова цел е да заврши заедно со најдобрите 10 машки тркачи. Спортистите против кои ќе настапаува се професионалци, тркачи кои тоа го прават постојано, помлади и побрзи и повеќето живеат и тренираат во планините. „Се обидував да бидам како нив... УТМБ ми стана опсесија која почувствував дека повремено и не можам да ја контролирам. Тоа не е обична трка од 171км во Алпите со 10000м искачување. Тоа е Светско финале. Тоа е трка во која настапуваат најсилните планински тркачи во светот на планинското трчање, а оваа година овде се Килиан Жорнет, Џим Волмсли, Зак Милер, Тим Толефсон, Рајан Сендерс, Луис Алберто Хернандо – и секој друг кој бил нешто во овој спорт.“ – напиша Демјан Хол за списанието „Сајдтрекд“.

Партнери