Фокус

„Фокус“, Крис Прескот, В. Британија, 2018, 35 мин

Во 2011 година, Стив Бејт беше дијагностициран со Ретинитис Пигментоса – тешка форма на стеснет поглед која со тек на време преминува и во губење на видот. На 34-годишна возраст, Стив мора да се откаже пд својот сон да стане планински водич, ја губи возачката дозвола и е регистриран како лице со попреченост од тип на оштетен вид. Филмот го документира животот на Стив по оваа дијагноза, истражувајќи го тоа како знаењето дека неговиот вид може целосно да исчезне во секој момент, влијае на неговиот поглед на животот. Тежината на ослепувањето се манифестира во речиси опсесивен порив да се постигнат амбициозните соништа – од обид за соло искачување на Ел Капитен, до учество во велосипедска трка на Параолимписките игри во 2016 година. Филмот го следи учеството на Стив во „Рованиеми 150“, многу тешка трка на велосипеди со многу дебели гуми, за време на која учесниците не смеат да добиваат поддршка од страна и за време на која возењето се случува низ Арктичката тундра и финскиот Лапланд, каде што температурите се симнуваат и до -35°, а трката на ја завршуваат и до 80% од учесниците. Низ долгите часови темнина, тестирајќи го својот вид, оваа трка ќе биде еден од најголемите предизвици за Стив.

Партнери