Поделба

„Поделба“, Ли Крејџ, В. Британија, 2018, 40 мин

Во 2017 година, Рики Котер и Ли Крејџ ја возеа Трката на Поделбата. Тоа е планинска велосипедска трка низ САД, со должина од 4420 киломатри, од Канада до границата со Мексико, за време на која учесниците не смеат да добиваат поддршка од страна. Филмот е целосно снимен со ГоПро и АјФон и го документира патешествието на овие две пријателки, а неговото креирање е со надеж дека тој ќе ја инспирира и охрабри публиката – да излезе надвор и да има свои авантури. Стравот од неуспех може да биде причина за нереализирање на некои авантури пред тие и вооошто да почнат, но што ако неуспехот е всушност најубавиот дел?

Партнери