Чангабанг и огледалата на повторувањето

„Чангабанг и огледалата на повторувањето“, Жан-Пјер Таврон, Франција, 2019, 52 мин

Дали алпинистите кои тргнуваат да направат искачување на некоја карпа, чувствуваат помалку задоволство или болка од тие кои први ја искачиле? Нели тие би требало да ги имаат истата почит, гордост, сомнеж...? И покрај скромната висина од 6864м, врвот на Чангабанг, скриен во индиските Хималаи, не гледа многу посетители, но сепак таму се имаат случено премногу драми. Секое искачување на оваа планина било нешто посебно, а правењето на искачување во алпски стил по северната страна е сериозен предизвик. Тројца алпинисти од француската воена група за високи планини, имаат само краток прозорец со добри временски услови, за време на кој треба да направат обид да се искачат по оваа илјада метри висока карпа. Нивната авантура дава можност да се истражува прашањето за тоа што ги бутка луѓето кон тоа да се соочуваат со опасностите и хорорите на планината.




 

Партнери