Сега или никогаш

„Сега или никогаш“, Симон Плацер/ЈАкоб Швајгхофер, Австрија, 2018, 21 мин

Следејќи го слоганот „Сега или никогаш“, Надин Валнер, двократен фрирајд светски шампион од Арлберг, не’ води на патување низ нејзиниот живот – игрив, забавен, прогресивен... Растејќи во „лулката на алпското скијање“, таа рано започнува да ги истражува своите граници: бега од училиште за време на ски настани, ги излудува полицајците – се’ само за „пудрата“. Нејзината пасија за „белата убавина“ сеуште силно гори. Во минатото, тоа што ја возбудуваше беа гужвите по линиите за натпреварување, но сега тоа се недопрените карпи во близината на Арлберг – далеку од вниманието на луѓето, но и повеќе од тоа: нови можности се отвораат во нејзините домашни планини.


Партнери