Неоштетени

„Неоштетени“, Рожле Брегар/Матич Облак/Миха Авгуштин, Словенија, 2018, 52 мин

На Балканот се наоѓаат последните диви реки во Европа, кои се поддршка за многу разновиден див живот и здрав, недопрен екосистем. Овие реки се „Неоштетените“ – чисти и без брани на нив. Со преку 2700 мали или големи хидро-централи кои се планираат или се почнати да се градат на Балканот, корупцијата и алчноста ги уништуваат последните слободни реки во Европа. Следете ја групата Балканска речна тура – група од кајакари на диви води, филмаџии, фотографи и пријатели кои одлучуваат да застанат на страната на реките, патувајќи од Словенија до Албанија во период од 36 дена, кајакарејќи по 23 реки во 6 земји, со цел да протестираат против браните и да му ги покажат на светот тајните, диви реки на Балканот. Филмот е во чест на секојдневните луѓе и локални активисти кои се борат да ги одбранат реките и има за цел да го рашири зборот за несреќната ситуација за овие реки.

Партнери