Планина, Свештеник, Син

„Планина, Свештеник, Син“, Џон Седон/Ваибав Каул, Индија, 2018, 27 мин

Краток филм од Хималаите, за метафизиката и моралот на ризикот, при соочувањето со социо-еколошките промени.
Сниман во еден од најсветите и геолошки најкршливите планински пејзажи во Индија, филмот ги оживува секојдневните искуства, верувања и надежи на еден свештеник, неговата жена и нивниот 22-годишен син, кој има преживеано поплава не толку одамна. Низ нивната приказна, се истражуваат традиционалните разбирања на општеството за својата ранливост и силата за враќање назад при соочувањето со драматични еколошки промени од една страна, како и брзото навлегување на модерното, урбанизмот и конзумеризмот од друга страна.

Партнери