Видовитата и невиденото

„Видовитата и невиденото“, Сара Доса, САД, 2019, 86 мин

Поставен во спектакуларниот пејзаж на Исланд, овој филм е магичен, документарен филм за невидливи џуџиња, финансиски колапс и изненадувачката сила на вербата. Филмот ја следи Рагнилдур „Рага“ Јонсдотир, баба и видовита жена, која може да комуницира директно со паралелниот свет на џуџињата или „скриените луѓе“ – невидливите духови на природата, во кои веруваат половина од Исланѓаните. Како една од најпочитуваните видовити луѓе во Исланд, владини официјални лица, бизнисмени и други луѓе ја контактираат Рага со цел да се консултира со џуџињата, каде можат, а каде не да работат на развивање на некоја земја. Но, кога Рага е повикана да биде „Лоракс“ на џуџињата и да зборува во име на природата која е под закана, таа влегува во политичка битка со цел да спаси едно еколошки важно поле од лава, кое е следна цел да биде уништено при работа на пат, што е пак една од повеќето игли – реакциски проекти поттикнати од сензационалното финансиско распаѓање на Исланд во 2008 година. Преку херојската битка на Рага, филмот ги истражува невидливите сили кои го обликуваат нашиот свет и ги трансформираат природните пејзажи, откривајќи при тоа не само тоа што е вредно да се види, туку тиа што е вредно да се спаси.


Партнери