Тежината на водата

„ТЕЖИНАТА НА ВОДАТА“, Мајкл Браун, САД, 2018, 76 мин

Приказна за слеп човек кој балансира со својот страв во хаосот на кајакот на диви води... А секако и со давењето и моќната желба да биде ослободен од затворот на темнината. Тој влегува, сам на својот кајак, во домот на најиконската дива вода во светот – реката Колорадо, низ Големиот Кањон.Водата се движи непредвидливо, карпите кои го креираат кањонот се апсолутно безмилосни, татнежот наоколу не му дозволува да го слуша гласот на својот водич и му се заканува на неговиот кајак, неговите пријатели се во подеднаква опасност и се борат за својот сопствен живот...Тој набрзо открива дека целиот процес на подготовка и тренинг – нема да се доволни. Како што се приближува најопасниот дел од Големиот Кањон, Лава водопадите, стравот на Ерик расте и скоро го парализира. Кога катастрофата на крај неминовно удира, Ерик се соочува со моќен избор и ретка шанса, да го смени исходот. Овој избор го дефинира самото патување...

 

Партнери