Ар Џеј Рипер

„АР ЏЕЈ РИПЕР“, Џои Шуслер, САД, 2018, 20 мин

Деца и велосипеди – каде и да сте во светот, овие две работи одат заедно. Хаотичните улици во Катманду, можеби не изгледаат како најтипично место за одгледување на светска класа на планински велосипедисти, но од друга страна пак, ниту Раџеш (Ар Џеј) Магар не е типично момче. Од неговото започнување да учи да вози на навистина оштетен велосипед, до неговото станување на национален првак на 21-годишна возраст, приказната за него е за бесконечните детски соништа и несопирливата посветеност - приказна создадена од метални остатоци по отпадите и тестови по суровите планински патеки во моќните Хималаи.

 

Партнери