Во потрага по врв

„Во потрага по врв“, Александер Дјаченко, Русија, 2019, 16мин

Глеб Соколов го има поминато поголемиот дел од својот живот во планините и има реализирано повеќе од 60 искачувања зад себе, вклучувајќи Еверест, К2 и Лотце. Сега тој живее активен живот и сака да продолжи да скија и до својата 80 година. Па и повеќе. Овој алпинист ги споделува своите мисли и сеќавања преку фотографии кои ги има направено искачувајќи се кон врвовите. Започнал да фотографира во 1997 година, по неговото прво патување во Хималаите, со цел да им покаже на своите пријатели што се’ видел, но и за себе. По неговото раскажување за најважната работа во животот на еден алпинист, почнувате да разбирате малку повеќе за самите себе. Затоа што нашиот живот е како искачување на планина – со повеќе препреки по патот.


Партнери