На патеката на глечерите – мисија на Алјаска

„На патеката на глечерите – мисија на Алјаска“, Фабиано Вентура, Италија, 2016, 52мин

По успешните експедиции во Каркорам и на Кавказот, фотографот Фабиано Вентура и неговиот тим експерти ја продолжуваат својата мисија да ги истражуваат ефектите на климатските промени во најголемите глечери. Нивната следна експедиција ќе ги однесе на Алјаска.
Благодарение на студеното време и честите врнежи, глечерите во Алјаска се на ниска надморсча височина, поминуваат низ долги долини и се спојуваат пред самото влегување во морето. Нивните особености ги прават многу интересни за истражување од научна гледна точка.
И повторно, во овој документарец, фотографските докази кои се собираат од истражувачите во доцниот 19ти век и раниот 20ти век, се споредуваат со исти фотографии направени од Фабиано Вентура. Овие потоа научно се анализираат, за да се утврди „здравјето“ на некои од најголемите глечери во светот.

{vimeo}
84394778{vimeo}

Партнери