Остани зафатен

Остани зафатен, Митја Легат (Словенија), 2020, 2

За време на пандемијата ни кажуваа да останеме во карантин и да ги ограничиме социјалните контакти – што направи многумина да бидат сами. Сепак, постои голема разлика помеѓу тоа да се биде САМ и да се биде ОСАМЕН.
На некој начин овие чудни времиња, ни дадоа шанса да се откриеме повторно самите себе и да правиме работи за кои вообичаено немаме време.
Да се остане зафатен и да се биде во природа – тоа секогаш ги смирува нашите внатрешни стравови и отвара различни, позитивни канали во нашиот мозок.
Затоа – продолжете да буткате, да сонувате, да креирате, да се насмевнувате и најважно – останете зафатени!



Партнери