За паѓањето“, Џозефин Андерсон (Канада), 2019, 14’
Во овој краток документарец, три девојки зборуваат околу прифаќањето на фактот дека како професионални возачи на планински велосипед, можат да доживеат скршеници, контузии и разни оштетувања на органи од телото. Овој филм е невообичаен краток увид во внатрешните пејзажи на тие кои се внесени во оваа субкултура – каде што паѓањето е нормална работа. Преку мешањето на повредите, падовите и тивкото себе-набљудување, овој филм ни се открива како медитативна состојба на чувствата преку потребата за контрола која толку силно се појавува кога човек навистина ќе се пушти...