Пукнатина

Пукнатина, Кристоф Марго (Швајцарија), 2019, 26

Овој филм е претставување на Швајцарецот Дидие Берто, кој од еден од најдобрите качувачи на пукнатини во раните 2000ти, одлучи да стане свештеник.
Во 2003та година, Фред Мои го обезбедуваше Дидие Берто за време на неговото прво „пинкпоинт“ искачување на „Гринспит“ – најтешката пукнатина во Европа. Фред тогаш направи неколку фотографии – кои се раширија насекаде во светот. Тоа беше голем чекор за Дидие како качувач и за Фред како фотограф.
Во 2006та година, Дидие беше во Канада во обид да ја искачи најтешката пукнатина во светот „Пукнатината Кобра“ – но, повредата на коленото го прекина неговиот обид. Дидие го интерпретираше ова искуство како „одговор на Бог на неговите молитви“ и остави се’ зад себе, станувајќи свештеник во 2018 година.
За време на тие 12 години, Фред ја следеше трансформацијата на неговиот пријател од професионален качувач во свештеник.

 

Партнери

Поддржано од

Член на: