47 врва

47 врва, Хју Ердин (Велика Британија), 2020, 45

Филм кој го следи ултра-тркачот Хју Џек Бресингтон, во неговиот обид да ја истрча тешката Педи Бакли патека.
Тоа е предизвик со должина од 100 километри и се случува во планините на Северен Велс. Тие кои се охрабруваат да го започнат овој предизвик, се соочуваат со искачување на 8000 метри – преку 47 врва од тамошните планини. И сите кои се обидуваат да го направат тоа – сакаат да успеат за помалку од 24 часа. Тоа го посакува и Хју. Но, кога за време на предизвикот, планините ќе бидат зафатени од силно летно невреме – задачата станува скоро невозможна и Хју се бори да ги надмине границите на својата сила, издржливост и посветеност, буткајќи напред повеќе од било кога дотогаш.

Партнери

Поддржано од

Член на: