Супер Французот

Супер Французот, Чејс Огден (САД), 2019, 80

Овој филм претставува интимен поглед во животот на професионалниот скијач и бејс скокач, Матијас Гиро, кој не застанува за ништо при неговото реализирање на пасијата за авантура. Восхитувачката кинематографија, преку опасностите на најекстремните спортови кои ги работи Матијас, преку неговото лично искуство, раскажува приказна со срце и возбуда!

Филмот го следи Матијас при неговите секогаш се’ поопасни предизвици и неговото истовремено вљубување и оформување на семејството. Приказната зема посебен правец кога Матијас доживува катастрофална незгода, на само еден ден пред да се роди неговото прво дете. По неверојатното преживување, Матијас има потешкотија да му се врати на спортот кој толку многу го сака, поради ефектите кои ги има врз неговото младо семејство. На крајот сепак ќе мора да одлучи дали неговата пасија за бејс скокањето е воопшто вредно, со оглед на ризикот и колку далеку сака да оди во неговата реализација.

 

Партнери