Обземен

„Обземен“, Ричард Сиди (Нов Зеланд), 2020, 5‘
БЕЈС скокањето често се претставува како адреналинска потрага по предизвик. Овој филм сепак не' носи подлабоко, во контемплативниот аспект на скокањето, при излегувањата на Дејвид Валден и неговите пријатели во планините во близината на неговиот дом во Нов Зеланд.
Прекрасни сцени и хипнотизирачка кинематографија, кои не' исфрлуваат од нашето секојдневие во светот на воздухот, земјата и летањето.

Партнери