Чекор напред

„Чекор напред“, Фло Гаснер/Пол Швелер, Австрија, 2021, 13’

Соништата стануваат визии, а планот ги претвора во цел. Но, како да започнеш и да излезеш од зоната на комфорот?
После долги месеци стоење во место, се појавува нова цел и тимот има долгорочен план за негова реализација. Како да се стигн до целта и што треба да се научи? Кои способности треба да се развијат подобро?
На тимот му се приклучува ски-водич и наскоро се увидува дека покрај алпските техники, еден од најголемите предизвици ќе бидат специфичните карактери и интеракцијата помеѓу членовите на тимот. Патот до нивниот напредок исто така ќе значи и тргање малку на страна од лесната забава во ски центарот и целење кон нови патеки и малку несигурност за да се стигне до врвот.
Учењето на нешто ново, отвара нови перспективи и нешта кои изгледале невозможно – одеднаш се како на дофат. Но, дали е тоа доволна мотивација?


Партнери

Поддржано од

Член на: