Матерхорн – Лавовскиот гребен

„Матерхорн – Лавовскиот гребен“, Алесандро Белтраме/Ерве Бармас, Италија, 2021, 35’

Восхитувачко патување до врвот на една од најиконските планини во светот! Гледачите ќе бидат водени по познатата насока, од страна на докажаниот италијански алпинист Ерве Бармас, при што тој ја раскажува фасцинантната историја за првото искачување на Матерхорн.

Матерхорн е една од најзабележителните и инстантно-препознатливи планини. Гледана од Швајцарија, таа е елегантна, витка и грациозна, додека пак од Италија се издигнува како моќна, сурова и наметнувачка. Без сомнение, се работи за „вистински“ врв – но и тешка планина за искачување. Дури и денес искачувањето до врвот знае да биде предизвик, а тоа Ерве многу добро го знае. Тој е водич и одличен раскажувач и ќе не’ води по италијанската нормална насока, позната како Лавовскиот гребен – кралицата на насоките во Алпите.

Ерве ја прикажува историјата на првото искачување на Матерхорн и ги споделува приказните раскажани од протагонистите, при тоа водејќи не’ чекор по чекор по оваа предизвикувачка насока се’ до врвот на планината, на 4478мнв...

Партнери

Поддржано од

Член на: